GraorMK's blog

GraorMK
71, Prilep, Makedonya

Големиот поет и нобеловец Томас С.Елиот напишал:” Поетот не ја обработува убавината на светот , бидејќи правата работа е да види она што е испод убавината и грдотијата , да ја види досадата, ужасот ,славата. Поезијата наоѓа свој материјал не само со посредство на патење, него и во самото патењеА кој повеќе пател од овај народ?

Кога Платон низ љубезни , духовити и привлечни шеги го подучувал Федар за копнежот , добрината и убавината, во еден дел тој се издразил: ” Да обликот и простодушноста водат кон занес и страст, го водат благородниот можеби кон ужасно сквернавење и чувство,кое и…



Едно чудно писмо пристигнало во Индија ,напишано на неразбирлив јазик за индијците.Но Индија е голема земја и веднаш се нашол тумач кој го растумачил.писмото. Писмото било испратено до некој си Субрата . Кој е ,Господ знае, а во него пишувало:

Драги брате Субрата, по срце и душа , а богами и по табиет! Многу не натажи веста кога разбравме дека си во тешки гајлина ,и еве кај нас се слушнаа и гласови дека дури сакале во апс да те стават, оти тамошните власти те зеле на заб и те гонат за некој ситен криминал од 4-5 милијарди долари.!?Тоа…


Недосонета убавина

На патот кон безумието, крикот, молкот, безвиделините и лажната надеж

тргнавме.

А по пат не се сретнавме и стапките не си ги нагазивме.

Правевме седела ластовични од сламки и пердуви, и огради трнливи со боцки и коља

иструлени

А каде може да се виде патека на плачните собитија и траги засечени во соништа

недосонети?

Високо горе кон стрмнините и врвовите недосонети, како врвеж на мисли се крева

бездарлукот и клетвите недоречни.

А таму каде синилото се допира со висините, и се топи во убавина и занос, стоиш ти, иста

онаква…


СВЕТЛИНИТЕ ВО МОЈАТА СВЕТЛАНА.

Ги барав желно очите твои блескотни ,да просветлат помеѓу ѕвездите на

сводот небесен.

Ги барав вмисли ,да го обвијат небото ноќно и се јават како Света порака, која можеше да ја

прочита само срцето мое копнежливо.

Барав ѕвездите сите, да се наредат една по една во ред и со сјајот свој

го испишат името твое низ целиот свод:

С В Е Т Л А Н А !

Моето срце дивееше од копнежи и желби по тебе и сакаше да полета

таму некаде кон тебе горе , да ги фати светлите букви,кои блескаа

и го осветлкуваа името…


Заплакав над Ропотово

Во безнадежност и тага, без потпора и подадена рака,

солзи ,скриени и тајни ,не можам да пуштам од очи пресушени и празни.

А соништа и желби од младоста се прегорени од сланата на животогубието,

кое ме наваса и не дава ни здив да земам, па гради се полни со чемер и јад.

Некогаш сонувам соништа чудни од минатото,и секое будење ми ствара болка.

Ме преплавува носталгии , сеќавања тажни како порои ..

Многу пати лудо помислувам дека ова не се случува

и дека е само мрачно патување…


Си го земам правото да се смеам,кога мирисот на на љубовта ме опијанува.

Си го земам правото да се радувам ,

кога гледам дечина со бистри очиња , и ѕвонливи гласови,

како го бркаат сивилото на староста, самотијата и бездушноста.

Си го земам правото да се радувам , кога гледам вљубена двојка,

како во занес, си разменува погледи нежни.

Си го земам правото да се радувам кога гледам мајка

како со мајчина љубов дои чедо свое

и со невиден милозливов му го брише испотеното чело.

Си го земам правото на радост ,

кога гледам градинар…


ПРИКАЗНА ЗА ТОЛСТОЈ И МЛАДИОТ ПРЕАМБИЦИОЗЕН ПИСАТЕЛ

Повремено ги отварам и читам блоговите , и во некои од нив наидувам на мошне интересни работи. Дел од нив ме насмејуваат , дел ме развеселуваат со својата разиграна и младалачка занес ,а богами , кај одредени блогови ,навистина наидував на дела кои, наликуваа и на посериозни литературни творби. Да се бара во блоговите творби со некои врвни естетски и книжевни вредности ,навистина е премногу ирационално , бидејќи блоговите се пред се повеќе за размена на свои обмисли , сеќавања , чувства, дискусии ,изкажувања на некои хумористички досетки , вицкасти кратки текстови ,…


Зар да те даном упоредим летњим?

Па ти си лепша и нежнија мени.

Груб вјетар стресе пупке мају цветном.

А лјети сви су дани одбројани.

Небеска звезда каткад и проблешти

Лепоте златне брзо јој потамне

Јер све што блјеши ,тамни од чег блјешти

Случајно ил од мене помамне.

Твом лјету никад неќе нестат плам

Нит смрт се хвастат да те зави тама

У пјеснама ќеш овим вјечна бити

Док очи виде и док лјуди има

Живјет ќе пјесме ,а и ти у њима !?, !?,!? ( caution !)


ШЕКСПИР ПАДНА КАЈ БЛОГЕРИТЕ !?

Јас подолг време ги читам блоговите , и верувајте во одредени блогови навистина имам прочитано мошне убави и интересни работи. Да се бара од блоговите некоја врвна креативност или високи литературни дострели е иреално, но морам да признаам да сретнав и такви блогови кои ми оставија голем впечаток и беа со висока литературна вредност, барем според мои критериуми. Пред недела дена и јас испратив една песна , која да бидам искрен беше интересна за блогерската читачка публика , па дури и доби доста високи поени. Од не знам кои , можеби скриени мотиви, се решив…


Солзи течат како река, кога тајно ,всамотија , ја слушнам таа песна,

Тоа беше наше последно танцување, убавице моја..

Таму долу ,на југ, на Евија ,те покрена музиката заносна.

Ме замоли, со погледот твој, да станам и да танцувам со тебе

на прекрасната песна, што и сега ми буди спомени болни.

А како можев јас да го одбијам твојот молежлив поглед?

Станав и танцував со тебе.

Jас тромав и неспретен,а ти како најубав цвет и прекрасна пеперутка .

Го красеше подиумот за танц и го направи волшебен.

Лицето ти сјаеше како полна месечина во летна ноќ,


← önceki 1 2 sonraki
Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor