ЧУДНО ПИСМО СТИГНАЛО ВО ИНДИЈА
71, Prilep, Makedonya


Едно чудно писмо пристигнало во Индија ,напишано на неразбирлив јазик за индијците.Но Индија е голема земја и веднаш се нашол тумач кој го растумачил.писмото. Писмото било испратено до некој си Субрата . Кој е ,Господ знае, а во него пишувало:

Драги брате Субрата, по срце и душа , а богами и по табиет! Многу не натажи веста кога разбравме дека си во тешки гајлина ,и еве кај нас се слушнаа и гласови дека дури сакале во апс да те стават, оти тамошните власти те зеле на заб и те гонат за некој ситен криминал од 4-5 милијарди долари.!?Тоа ли пари се бре брате Субрата!?. Те зедоа на чиста душа тие едепасаси за ништо!? Па брате Субрата , тоа е нечуено!? Па нашата земја е неколку стотини пати помала од Вашата , па за такви ситни пари кај нас око не ни трепнува, а не човек во апс да ставаме на правдина!? А колку надежи полагавме во тебе драги брате Субрата и колку желба имавме да ни помогнеш да ја унапредиме нашата земја, за да зачекори кон светла иднина. Ние, и покрај се, надежта не ја губиме. Напротив , ние се надеваме во тебе , а верувај дека и ние стоиме зад тебе и со сите сили ќе се бориме да ти помогнеме,а знаеш , нашиот збор ептен го ценат меѓународните авторитети,Дали се сеќаваш драги наш брате, со какви радости те дочекувавме, и исплетени венци од цвеќина околу вратот ти стававме, а и те шетавме низ нашата мала но убава земја , која ти ни вети дека ќе ја претвориш во рајска градина? И со лотки те шетавме по езерата драги нас брате, кои многу ти се допаднаа и триста теманиња ти правевме, оти ептен голема надеж во тебе имавме. Ние не ја губиме надежта и сеуште се надеваме во тебе иако разни душмани пуштаат злобни гласови и лаги за тебе. И ако те осудат и стават во апс,немој да губиш надеж ,наш драги брате Субрата. Сето тоа ќе помине како песна и пак ќе се вратиш уште посилен и помил. Еве ние имавме еден како тебе, кој на чиста душа и правдина го осудија за некакви 800.000метраплатно, ѓоамити ги украл од една текстилна фабрика.Го осудија и ставија во апс, ама кога видовме колку е значаен и потребен на државата , го вративме на слобода и му дадовме уште повисоки положаи и функции.Големи честови му прават и од десна страна на нашиот Голем Водач седи . И не се покајавме за тоа , оти тој човек ни донесе процут, а и напредок во науката посебно во математиката и пресметки на проценти, за што е експерт. Верувај, така ќе биде и со тебе.драги нас брате Субрата. Немој да клонуваш со својот дух. Ние стоиме зад тебе, а тоа не е мала работа.. Поздрав од манипулативниот Центар на една просперитетна земја..

Интересно името на земјата не било наведено, па се сомневаат во повеќе земји. Јас не знам која е ...а на која Вас ви наликува ?

87 views
 
Yorumlar
borko412 22.04.2013

:D *OK*

Aleks13 23.04.2013

Здраво,ова што го имаш напишано е само една голема лага.

GraorMK GraorMK 23.04.2013

Vo pravo si Skeki, ova e golema laga. I Subrata Roj i Amdi Bajram se kako solza cisti i epten posteni ludje . Retki se takvi na zemjava. Toa sto po malce potkardnuvaat e cisto covecka rabota. *JOKINGLY*

Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor