ЗАПЛАКАВ НАД РОПОТОВО
71, Prilep, Makedonya

Заплакав над Ропотово

Во безнадежност и тага, без потпора и подадена рака,

солзи ,скриени и тајни ,не можам да пуштам од очи пресушени и празни.

А соништа и желби од младоста се прегорени од сланата на животогубието,

кое ме наваса и не дава ни здив да земам, па гради се полни со чемер и јад.

Некогаш сонувам соништа чудни од минатото,и секое будење ми ствара болка.

Ме преплавува носталгии , сеќавања тажни како порои ..

Многу пати лудо помислувам дека ова не се случува

и дека е само мрачно патување низ соништата, од кои ќе се пробудам.

Но суровоста на случувањата ме урнисаа .

Скришум како крадец сакам да побегнам , а тоа е илузија. и фуга.

Бегајќи така , од самит себе и сенката своја,

заминав кон Ропотово, селото на најраното детство.

Свет прошетав низ мојот живот, бурно и бесмислено,

а нигде не ме созме и не најдов легало свое

па еве се враќам овде, да ги залеча мрачните и душевни лузна.

Тажна е сликата на руинираното школо.

Она ,во кое го отпочнав своето учење и запознавање на животот, .

Ми стана јасно колку времина поминале и води протекле,

а јас не сум ни бил свесен .

Се искачив на ридот над селото , и осамен како некој чудак, седам под стариот даб.

Селото распослано под мене .

Пасторална слика на мир и спокој,

широко и топло,облеано во синилото на ранопролетното сонце.

Од понекој оџак на навелените куќи се извива чад,

стремејќи се што побрзо да се стопи со небеското синило.

Оџаците на мноштво куќи се мртви, без чад и траги на живот .

Празни куќи , празни души и испустени надежи.

Не знам зошто,но солзи бликнаа како река, и плачев без глас?,

Тага силно ме пресвисна и притисна вгради, како вжарена клешта,

а порои од солзи течеа по моето лице ко пролетна буица.

Станав свесен дека времињата мои безмилосно минале крај мене,

а јас во бесрамна згороделивост и слепило не сум ги забележал и не сум им се израдувал.

Поминале и ме заобиколиле, како да сум испустена патека со тревишта и трње,.

по која веќе никој не поминува.

Тогаш во зачудувачко откровение ја почувствував сета самотија на овај свет,

Крикнав како уплашен дивеч и заплакав на цел глас .

55 views
 
Yorumlar
borko412 30.03.2013

*OK* *HI*

Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor