СВЕТЛИНИТЕ ВО МОЈАТА СВЕТЛАНА.
Ги барав желно очите твои блескотни ,да просветлат помеѓу ѕвездите на
сводот небесен.
Ги барав вмисли ,да го обвијат небото ноќно и се јават како Света порака, која можеше да ја
прочита само срцето мое копнежливо.
Барав ѕвездите сите, да се наредат една по една во ред и со сјајот свој
го испишат името
твое низ целиот свод:
С В Е Т Л А Н А !
Моето срце дивееше од копнежи и желби по тебе и сакаше да полета
таму некаде кон тебе горе , да ги фати светлите букви,кои блескаа
и го осветлкуваа името твое:
С В Е Т Л А Н А !
Ох Господе ! Дај ми барем половина сила и моќ , колку што ми даде љубов,
желби и занес по неа, и јас вистински ќе полетам горе, во сводовите небески,
и ќе го фатам името нејзино светло , што означува
С В Е Т Л И Н А !
онаја ,која се
разлева низ душава и срцево мое и ме преплавува како најубава музика,
правејќи ме бескрајно милозлив и
среќен,
како да сум навален во скут твој,О Х С В Е Т Л А Н А !
Каде животот, тој немилосен судија на нашиот обстој и битисување, те одвел , не знам .
Тоа раѓа болкаво срцето мое и тага во моите сеќавања .
Но и сега, кога старачки мрени ми ги засенија зениците,
јас ја чувствувам блескотата и светлината твоја ,
длабоко во моето срце, моја С В Е Т Л А Н А.
*THUMBS UP* *HI*
*ROSE*