Се враќа мажот од службен пат, и за да провери
дали се швалерисувала жена му, го отворил прозорецот и почнал да и’ вика на
комшиката:
- Стојанкеее, мори ороспијо една невиденааа!!
Стојанка на тоа одговара:
- Како не ти е срам, погледни си ја жената, за недела дена цел комшилук и се
изнареди!
Едно утро се шетал Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, а сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се
дуе ли, се
дуе)
Приквечер, сонцето повторно: Кај си злосторнику еден, крвопијо, џелату еден...
-Добро
бре, што ти стана, сабајле едно, сега друго?
- Еееее, сега те гледам од запад!
***************************
И’ се јавил дечкото на девојката и и’ рекол:
- Дојди кај мене, нема никој.
Девојката се истуширала, се дотерала, отишла кај него и ... навистина немало никој.
Еве една вест,која штотуку ја прочитав, а сеуште не е објавена од нашите медиуми.Се работи за следното: во Штип е фатен Албанец (Ф.Х.)со два автомата! Едниот е за сладолед,а другиот за боза!
Маж и жена патувале со брод.Еден морнар видел дека жената се наведнува преку оградата и и’ викнал:
-Пазете,може да паднете во морето и да се удавите!!
На тоа мажот налутено му вратил:
-Што се мешаш ти бе??????
************************
Имал Трпе пролив па отишол на лекар.Арно ама,овој по грешка му дал апчиња за смирување.По два дена го среќава лекарот Трпе и го прашува како му е.
-Абе добро.Сеуште имам пролив,ама баш ми е гајле!!!!!
Некој залутан бродоломец, наидува на желка. И пред да ја
изеде:
- Не ме јади ќе ти исполнам една желба.
- Добро ај напрај ми мост, за да поминам од другата страна на кањонот.
- Ај дојди за три дена.
После три дена доаѓа човеков и гледа нема ни мост , ја нема ни желката. Фатил
да ја бара и под дрво и под камен, кога ете ја во една грмушка.
- А-ха те фатив, лажливке, сега ќе те јадам.
- Ама немој те молам, еве три дена се мачам да направам мост, не можам и не
можам, а ако сакаш колут напред или колут назад само кажи.
-Ало,дали е тоа парламентот?
-Да,повелете.
-Сакам да станам пратеник.Кој е условот за тоа?
-Ти бе,будала да не си???
-Да!Друго нешто треба?
Играат двајца шах.Размислуваат 3,4,5 часа и едниот му вика на другиот:
-Абе ајде,мрдај потез!
-Што бе, јас сум на ред???
Плавуша во Грција на одмор.
И приоѓа некој Грк, и подава рака, и се претставува:
- Христос Пападопулос.
- Навистна Пападопулос!
Една вечер таткото го легнува синчето во кревет. Пет минути
подоцна детето се дере:
- Татоо, донеси ми чаша вода.
- Не може, имаше време пред да си легнеш.
Минута подоцна пак:
- Тато, сакам вода!
- Не може ти реков. Уште еднаш ако викнеш, ќе дојдам таму и ќе те исплескам.
После уште една минута:- Тато, кога ќе дојдеш да ме исплескаш, ќе ми донесеш ли и чаша вода?
Некоја загрепчанка се омажила за кумановец. За време на свадбата, кумановецов се сторил
дрво пијан, па вечерта кога дошло ред да и посвети време на жената во кревет,
тој никако да ја погоди.
Загрепчанкава видела дека не му оди па му вика:
- СТРАГА, СТРАГА (демек одзади да проба)
А кумановецот:
- НЕ ГА СТРА МОРИ, ТУК НЕ МУ Е Д’Н!!!
-
Тато, да не спиеш?
- Не! Кажи што сакаш.
- Дај ми 200 денари за во град,
- Остај ме бе, нели гледаш дека СПИЈАМ!
- Колку тежи еден домазет?
- 601 кило. Наутро дедото прашува: "Стана ли волот?" - 400 кг. На
ручек бабата: "Ручаше ли свињата?" - 200 кг. Навечер жената:
"Пиле, ај да си легнеме" - 1 кг.
Влегува дечко во автобус.
Шоферот: Дечко, слободна.
Дечкото: Фрижидер.
Шоферот: Што бе фрижидер?
Дечкото: Што бе слободна?
Се јавува човек во брза помош и вика:
- Брзо пратете кола, тука еден човек го згази ваљак!
- Добро, кажете ми на која адреса е човекот?
- Па лежи на Партизанска број 33, 34, 35 и 36.