Моќта на убавите зборови
58, Skopje, Makedonya


Постојат " магични " зборови кои би го растрепериле и нај безчувствителниот човек на светот.
Зборовите се најсилното оружје во универзумот. Зборовите имаат магично дејство ако го искажете
вистински од се срце. Зборовите се безначајни ако не се искажани искрено.
И еден од најслатките зборови " те сакам " за кој нема човек на планетата, а да не сака да го слушне,
ако не е искажан во соодност со чувствата е само збор однесен од ветерот.
На темнината и пркоси светлината, на студот топлината, негативните зборови се безначаен губитник
од позитивните.
Нема човек на планетава кој не сака да слушне убави зборови, па зошто тогаш ги употребуваме
негативните? Вашиот изговор би бил: Ги употребив затоа што бев лут/а, бесен/а, гневен/а и треба да
ме свати другата страна заради ситуацијата, но не си во право.
Затоа што зборот убива од било што друго. Кога ќе згрешиме на дело, несвесно или пак промислено и
може да се прости, но лошиот збор многу подолго останува во нас, веднаш продира длабоко и тешко
се заборава.



Да постои прошка, но ретко кој знае да простува и со душата и со разумот.
Затоа пред да згрешиш внимавај што зборуваш. Кои зборови ти сакаш да ги слушнеш?
Сигурно твојот одговор ако е искрен би биле " убавите ". Тогаш употребувај ги само тие.
Се запрашувате ли зошто на убавите зборови на дечињата највеќе им се радуваме, највеќе не
погодуваат и освојуваат, најдолго траат во вид на среќа. Затоа што тие знаат да ги искажат најискрено.
Па и ние сме биле деца ја знаеме во нас таа техника, но изгледа не сакаме да ја употребиме.

Овие зборови имаат магична моќ: Ти верувам, тука сум, ти благодарам, извини, те молам, те сакам,
ми недостигаш, прости ми, ми требаш...ако не веруваш во нејзината магичност употребувај ги
соодветно и искрено и ќе се увериш дека навистина функционира моќта на зборот.

Не џабе се рекло: " Убавиот збор железни порти отвара."



81 views
 
Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor