Мажите губат интерес за девиците
36, Prilep, Makedonya

Мажите губат интерес за девиците

Продажбата
на невиноста е мошне актуелна во последно време. Бројните огласи кои
што може да се најдат на мрежата, повеќе не се исклучок туку правило.
Неодамна една германска студентка која што ја стави на аукција својата
невиност, доби наредба да плати данок за својата „продажба“.

virgin2.jpg


Луѓето имаат право да прават што сакаат со своето тело, но јавното
мислење најчесто ги осудува девојките кои што се определиле да ја
продадат невиноста. Модерните жени повеќе не ја чуваат својата
невиност, а и искусните мажи повеќе не бараат девојка која што е
невина. Постојат многу дискусии околу оваа тема. На интернет може да се
најдат многу дискусии поврзани со оваа тема, каде девојките зборуваат
за својата невиност. Најчестите фрази кои што може да се најдат се
„Девојки, веќе имам 20 години, а уште не сум имала секс“ или „“Почнав
да се забавувам со едно момче, но ме остави кога дозна дека сум
девица“.




Од некоја причина луѓето мислат дека девиците самите се виновни за
тоа што се уште се невини, бидејќи се однесуваат ладно, но никој не ја
гледа причината во мажите. Според сексолозите невиноста претходно не
предизвикувала вакви проблеми. Во денешно време многу малку луѓе ја
губат невиноста, веднаш по венчавката. Но, од друга страна многу малку
мажи се подготвени да се соочат со одговорноста да бидат први во
животот на една жена. После сè потребно е големо внимание. Како по
правило, повеќето мажи сонуваат за секс каков што може да видат во
филмовите за возрасни. Најчесто мажите се плашат дека ќе ја повредат
девојката, па затоа ги избегнуваат проблемите. Модерниот начин на живот
и стресот, уште повеќе го продлабочуваат проблемот.




Младите мажи сакаат поискусни жени кои што може да ги воведат во
светот на сексуалните задоволства, па поради тоа младите девици се
чувствуваат запоставено. Поради некоја причина мажите се чувствуваат
непријатно кога треба да имаат врска со девица. Ова особено се однесува
на постарите девици кои својата невиност ја губат на 25-27 години.
Податоците покажуваат дека само мал процент од девојките кои што го
чекаат вистинскиот, навистина го наоѓаат, а другите остануваат сами.
Многу млади жени го имале своето право сексуално искуство со момче на
нивна возраст 17-20 години, или со постари мажи на возраст од 30-35
години. Моменталната ситуација е поинаква. Младите девојки сакаат да
стапат во сексуален однос со момчиња од 16 години.




Сепак, можеби малку се заборава дека стапувањето во сексуална
активност е мошне важен дел од сечиј живот. Освен тоа во денешно време
изборот на погрешен партнер би можел да остави негативни последици врз
женската, а воедно и човечката сексуалност. Не станува збор само за
непланираните бремености, туку и за многуте сексуално преносливи
болести кои доколку не се користи соодветна заштита, може да нанесат
сериозна штета. Нагонот за секс е дел од природата, па затоа
определбата кога некој ќе стапи во сексуален однос, останува прашање на
личен избор.

38 views
 
Yorumlar
KATAKLIZMA 11.10.2009

право да ти казам на ваквите истразувања за што и да е вопшто не им верувам

Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor