e pocnaa i ljubov da instaliraat
52, Skopje, Makedonya

Тех. поддршка: Да, како може да ви помогнам?

Корисник: Па, по многу размислување, решив да инсталирам Љубов. Може ли да ме водиш во тој процес?

Тех. поддршка: Да, можам. Подготвени ли сте да продолжиме?

Корисник: Па, не се разбирам многу во техника, но мислам дека сум подготвен/а. Што треба да направам прво?

Тех. поддршка: Првиот чекор е да го отворите вашето Срце. Дали го лоциравте вашето Срце?

Корисник: Да, но има неколку програми кои работат моментално. Дали е во ред да се инсталира Љубов додека тие Работат?

Тех .поддршка: Кои програми работат?

Корисник: Да видиме, имам Болно Минато,Ниска Самодоверба, и Незадоволство работат моментално.

Тех. поддршка: Нема проблем, љубовта постепено ќе го избрише Болното Минато од вашиот тековен оперативен систем.Може да се сочува во меморија но нема повеќе да ги Прекинува другите програми. Љубовта ќе ја надмине евентуално Ниската Самодоверба со модел на своја таканаречена Висока Самодоверба. Секако, ќе треба комплетно да ја исклучите програмата Незадоволство. Овие програми не дозволуваат Љубовта да биде правилно инсталирана. Може ли да ги исклучите?

Корисник: Јас не знам како да ги исклучам. Може ли да ми кажете како?

Тех. поддршка: Со задоволство. Одете на Старт менито и повикајте се на Опростување. Направете го ова онолку пати колку што е потребно се додека Незадоволството не се избрише целосно.

Корисник: Во ред, направено. Љубовта почна да се инсталира самата. Дали е тоа нормално?

Тех.поддршка: Да, но сетете се дека ја имате само основната програма. Треба да бидете конектирани со други Срца за да се надградувате.

Корисник: Упс! Добив порака грешка.Вели „Грешка – Програмата не работи на интерни компоненти.“ Што да правам?

Тех. поддршка: Не грижете се. Тоа значи дека програмата Љубов е наменета да работи на Интерни Срца, но се уште не работи на вашето Срце. Не технички кажано, едноставно значи дека вие треба да се Сакате себе си пред да ги сакате другите.

Корисник: Па што да правам?

Тех. поддршка: Сега, копирајте ги во директориумот „ Мое срце“. Системот ќе ги избрише сите конфликтни фајлови .Исто така треба да ја избришете Опширната Самокритика од сите фајлови и да ја испразните вашата Recycle Bin за да се уверите дека ја нема целосно и дека нема да се врати.

Корисник: Успеав! Моето срце се полни со нови фајлови. Насмевка с епојави на мојот монитор и Мир и Задоволство се копираат низ моето Срце.Дали ова е нормално?

Тех.поддршка: Понекогаш. За други,потребно е време, но најчесто се си доаѓа во свое време. Па Љубовта е инсталирана и работи. Уште една работа пред да прекинеме. Љубовта е Бесплатна.Бидете сигурни да ја давата и нејзините различни модели на секого кој ќе го сретнете. Тие за возврат ќе го споделат тоа со другите и ќе се вратат некои кул модули назад кон вас.

Корисник: Ти благодарам

13 views
 
Yorumlar

Henüz hiç yorum yapılmamış.
Yorumunu bırak, tartışmaya başla!

Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor