РЕКА НА СОЛЗИТЕ
42, Strumitsa, Makedonya

Солза од око паѓа,се лизга
Поточе на образ прави
По неа друга и друга...
Се редат една по една.
Сакам да ја исплачам тагава
силно гради што ми стега.
Сакам да исплачам река
со солзиве мали бисерни.
Бистра река од солзи солени.
Силна како болкава моја.
Да однесе се лошо со себе.
Да ги измие очиве плачни.
Да го излечи телово од болка.
Да ја прочисти душава од тага.
Да отвори пат нов пред мене.
Патеката да ја обележи.
до местото свето,чисто.
Каде душите се среќни.
Очите се насмеани,весели.
А телото е силно,полно со елан.
Оти сaмо така ќе можам
да те чувам крај себе.
Без тага и болка
од времето минато
кое душава ја оскрнави
ја уништи до темел.
Ја остави пуста,празна,
полна со црнила.
Огништа одамна изгаснати
само чад оставаат.
А сонцето одамна заборавило
да ѕирне тука
длабоко во мене
каде некогаш ноќ не постоеше.
Врати ми го сонцето
ти мрачна сестро.
Оди си!Замини по својот пат!
Врати ми го сонот.
Врати ми ја среќата.
Врати ми го животот.

12 views
 
Yorumlar

Henüz hiç yorum yapılmamış.
Yorumunu bırak, tartışmaya başla!

Blog
Bloglar 5 dakikada bir güncelleniyor