Рецепт
Една госпоѓа дошла во аптека и од аптекарот бара арсеник.
Тој и вели бидејќи се работи за силен отров мора да ве прашам за што ви е потребен?
Сакам да го отрујам мажот.
Жал ми е, ама во тој случај не можам да ви го дадам. По тој одговор,
госпоѓата ја отвара торбичката и од неа вади една фотографија на која
јасно се гледа како нејзиниот маж води љубов со жената на аптекарот, и
му ја покажува на аптекарот.
А тој простете, госпоѓо, не знаев дека имате рецепт!
Henüz hiç yorum yapılmamış.
Yorumunu bırak, tartışmaya başla!