Секоја приказна започнува со сон. Сон за нешто, некаде.... Оваа, сосема случајно започнува со сон за едно студено обравче, среде една студена ноќ, некаде низ црнилата на градот со мирис на ѓубре....
Ужасно е живеењето на една нога. Целиот свет ти е со широчина на најобична греда на која има токму доволно место колку за едно стапало! И ништо повеќе! Стоиш на него, а тој постојано ти приредува земјотреси, се обидува да те присили да испаднеш преку работ, да пропаднеш во ништожноста. Ужасно е живеењето во таков, никаков свет.
Рекоа така морало да биде. Така од секогаш било и засекогаш ќе останело! Штом ќе пристигнеш, ти подарувале свет. Готов, завршен свет во кој сè што можеш да сториш е удобно да се сместиш и да почекаш да започне возењето!
Одеднаш - еден цел нов свет! Не го забележав како се создаде, а тој веќе ме држеше цврсто со двете раце! Не требаше ниту да погледнам ниту да начујам, не требаше ништо; веднаш знаев оти сум таму.... Застанаа студовите, престана сè она што ме мачеше во мојот, ситен и разнишан свет. Погледот во нејзините очи ми кажа дека не сонувам, дека е тука, дека....
:-{} :-{} :-{} :-{} :-{} :-[
super kako i sekogas :)))))))))
Супеееееер,=)