Помниш ли кога те испраќав со бакнеж во магливите утра? Помниш, ја затворав брзо брзо вратата, да не ни избега љубовта и топлината со која ги греевме срцата и надежите. И уште долго долго те гледав од прозорецот, како си одиш, а мене срцето ми се кине што одиш сама, заминуваш , одиш на некој голем испит што полека младоста ти ја зеде?
Минуваа годините...
И не ми беше жал за ништо, за никој поминат ден заедно со тебе. Престанав да ја барам смислата, те најдов тебе.И во секој лош миг, се фаќав цврсто со двете раце…